Дали помагаат природните афродизијаци?

Постојат малку докази кои ја поддржуваат ефективноста на повеќето супстанци кои се сметаат за природни афродизиjаци.

Иако за некои одредени јадења и суплементи како чоколадото и зачинетата храна се тврди дека влијаат врз либидото, истражувањата покажале дека се неефективни во продуцирање на сексуална реакција кај мажите и жените.

Иако нема опасност да експериментирате околу тоа која храна или суплемент би помогнала како природен афродизијак, треба да знаете дека некои суплементи содржат екстракти од инсекти и растенија кои может да бидат токсични.

На пример Шпанската мушичка која се смета за природен афродизијак може да предизвика оштетување на бубрезите и гастроинтестинално крварење.

Кај одредени продукти кои се означени како природни афродизијаци се најдени супстанци кои се составен елемент на некои лекови како sildenafil – активна состојка на Виаграта. Овие состојки можат да бидат опасни по вашето здравје ако имате некоја одредена медицинска состојба или ако земате одредени лекови.

Ако барате ефективен начин да ја зголемите вашата сексуална желба, консултирајте се со вашиот лекар. Лекарот може да ви посочи докажани стратегии за подобрување на сексуалното здравје како што е комуникација со вашиот сексуален партнер, прaвилен избор на животни навики и лекување на секоја прикриена медицинска состојба.

Исто така добро е да се консултирате со психијатар или психолог кој има специјализирано за сексуално здравје.

Објавено во соработка со За Здравје.

- Реклама -