Некои можеби се сеќаваат, лани пишувавме за еден откачен инженер од Шведска што е решен да направи свое летало. Тогаш прв пат му успеа да полета.
Во меѓувреме тотално го заборавивме, но ете сега сосема случајно налетавме на ново видео. Испадна дека ова новото му е од првиот лет со новата верзија на леталото на која во меѓувреме работел. Прогресот е и те како видлив.
Наместо тогашните 8 мотори, сега има мултимоторен систем распореден на 4 мошне интересни „крила“. Сега мултикоптерот е полесен, но има поголема моќ, особено вертикална.
Вели дека чувството е како на ролеркостер, но без шини. Вели дека практично може да лета, ама „кочи“, и затоа на видеото лебди само на метар-два од земјата, бидејќи уште не е вешт во контролата и се плаши да не загине, нормално.
Сеедно, ние сме фасцинирани од човеков, и тогаш, и сега. И затоа најмногу нé нервира што повеќето во коментарите му мрчат дека многу му брчело леталово. А авионите, тивки да не се?
(буквално првиот лет со е на 3:06 во видеото; среќната фацка ќе му ја видите на 8:54; потоа следат впечатоци; па вториот лет на 15:30; на 20:50 имате демонстрација на вертикалната моќ; на 21:53 имате снимка од летот со камера од негова перспектива; на 25:36 пак задоволна фацка од првиот ден на тест летање)
Нормално, ако ви прави ќеиф, следете му го и каналот.