Porsche изненади со најекстремното 911 во историјата

Премиерата на најекстремното Porsche 911 во историјата требаше да се одржи во Франкфурт, во септември. Компанијата-производител сепак изненадувачки реши да го покаже автомобилот на конференцијата Xbox E3 – за време на презентацијата на новата игра Forza Motorsport 7.

Во развој на спортско купе GT2 RS, освен Porsche, учествуваат компаниите Microsoft и Turn 10 Studio, кои потпишаа нов договор за соработка меѓу себе. Тој е за следните шест години. Всушност, на изложбата моделот беа прикажани само детали од дизајнот и стајлингот, а техничките карактеристики не беа откриени. Од прикажаното станува јасно дека возилото има добиено големо аеродинамично „крило“, како и целосно преработен преден дел. Под хаубата би требало да е поставен 3,8 литарски бензински турбомотор, кој ќе развива барем 640 КС и 750 Nm вртежен момент.

Не е исклучено моторот да биде и помоќен, барем такво мислење имаат медиумите во Германија. Познато е дека кабината доби титаниум издувен систем, како и состав за вбризгување на вода во моторот. За возилото нема да се нуди рачен менувач, тој ќе биде достапен исклучиво со трансмисија PDK.

- Реклама -