Сипи што се преправаат дека се ракови

Додека научниците од универзитетот Ryukyus од Јапонија ги хранеле сипите во лабораторијата, забележале многу необично однесување. Сипите (во случајов pharaoh cuttlefish) глумеле дека се ракови (во случајов hermit crab). И тоа, многу убедливо.

Пипците ги виткаат за да изгледаат како нозе, а телото го „накострешуваат“ за да личи на тврд оклоп како кај раковидните животни. На кожата им се појавуваат црни точки.

Оваа импресивна имитација е забележана во две ситуации: кога ќе ги ставите сипите во поширок простор, и кога ловат помали риби. Научниците претпоставуваат дека во првиот случај тоа го прават за да ги одбегнат предаторите кои јадат главоноги, со тоа што ќе изгледаат како да се животно со тврда школка. Кога ловат, пак, имитираат hermit crabs за да изгледаат безопасно, бидејќи тој вид ракови не ловат риби.

Овие сипи, како и другите главоноги, се познати по употребата на камуфлажа. Ама досега не знаевме дека се толку добри и во мимикрија.

- Реклама -