Култен бразилски модел се враќа на патиштата

Локалните автомобилски производители не се особено познати надвор од границите на Бразил, но и меѓу нивните модели има ѕвезди. Таква, на пример, е спортската Puma.

Во периодот од 60-те до 90-те години на минатиот век на пазарот се најдоа повеќе озведби од Puma, а  сега група ентузијасти одлучила да ја врати марката. Возобновувањето на Puma ќе започне со изработка на тркачка верзија на купе изведба со централно поставен мотор. Таа ќе биде изградена на платформа од композитни материјали, а според димензии ќе биде споредлив со родстерот Mazda MX-5. Погонот на автомобилот повторно ќе биде доверен на мотор, производство на странска компанија. Во минатото автомобилите на Puma пристигнуваа со агреагти на DKW и Volkswagen, но овој пат Бразилците по се ќе се одлучат за мотори на General Motors.

Според првичните податоци станува збор за 2.0-литарски мотор на Opel, со моќност од 180 КС. За спортски автомобил со слични параметри не изгледаат импресивно, но креаторите на автомобилот се убедени во неговата динамика, бидејки тој ќе тежи само 570 килограми. Верзијата за јавни патишта ќе е малку потешка поради звучна изолација, клима уред, систем за симнување на покривот и други слични дополнителни компоненти. Ревитализираната Puma ќе излезе во ограничен број примероци, бидејки секој автомобил ќе се прави рачно. Засега нема податоци дали тркачката опција ќе добие додаток GT кон името.

Оригиналниот модел се појави во 1965 година, како беше создаден од локалниот патен тркач Рино Малцони. Благодарение на достапната цена и оригиналниот дизајн каросерија брзо доби популарност, а компанијата Puma опстанок до почетокот на 90-тите години на минатиот век. Тогаш сепак бразилската економија беше во економска криза. Општо земено од моделот беа продадени 22 000 примероци, и тоа не само во Бразил, но дури и во Европа.

Автоплус

- Реклама -