Палеонтолог гледа „Диносаурусите никогаш не постоеле“ видео

Дап, и таква имало…

Палеонтологот е Тревор Вел и му гостува во подкаст на Џо Роген (комичар). Поентата не е толку во дебанкирање (побивање, де) на „теоријата“ дека диносаурусите не постоеле, туку да се смееме на реакциите на еден палеонтолог (и тоа со хард-кор брада и без влакна на јазик) кога слуша такви глупости. Во еден момент, на пример, Вел воздивнува и вели дека му е мило што си понел многу пиво…

Во текот на разговорот ќе се начнат и еден куп други теми. На пример, дека лошото кај ваквите конспираси теории по Youtube и блоговите е што конспираси теоретичарот го контролира критицизмот што ќе го добие како одговор: или коментарите се исклучени, или селективно ги брише критикувачките, или критичарите се надгласани од согласното мнозинство, кое таму пристигнува со гугл пребарување на „диносаурусите не постојат“ и „рамна земја“, а не со „зошто некои луѓе мислат дека диносаурусите не постојат“ или „зошто некои луѓе мислат дека земјата е рамна“.

Сé на сé, ако добро стоите со англискиот, ве чекаат забавни 37 минути. Во еден

Линк до спорното видео, ако ветите дека ќе го гледате со критички ум: https://youtu.be/5KXzgeq1BuA

- Реклама -