Македонија е третата земја со ракометен шампион и во машка и во женска конкуренција

Македонија е една од трите земји (со Словенија и Шпанија) кои имаат ракометен шампион и во машка и во женска конкуренција во Лигата на шампионите. Во 2003 година, во женска конкуренција, тоа беше Кометал  Ѓорче Петров.

Хрватот Иван Чупиќ стана првиот ракометар од 2009 година кој успеал да ја одбрани титулата во ракометната Лига на шампиони. Лани ја освои со Виве Кјелце.

И уште неколку други факти/статистики околу титулата на Вардар:

• Вардар е вкупно 13-тиот ракометен клуб кој се закитил со титулата
• Вардар е шестиот различен првак во последните шест години
• Македонија е една од шесте земји кои славеле во Лигата на шампиони. Другите се Шпанија, Германија, Словенија, Франција и Полска
• Раул Гонзалез е третиот шпански тренер што ја освојува Лигата на шампионите во последните три години. Пред него беа Чави Паскал (Барселона) и Талант Душебаев (Кјелце)

Четири недели порано, женскиот тим на Вардар загуби во продолжение од Ѓер во финалето на Лигата на шампиони.

На следниов линк можете да ги видите Најубавите моменти од калењето на европскиот шампион – ВАРДАР.

- Реклама -