Трамп никогаш не го есапеше Парискиот договор како климатски

Можеби најосвестувачкиот момент од соопштението на Трамп дека САД ќе се повлечат од Парискиот климатски договор беше неофицијалниот одговор од претставник на Белата куќа по неговиот говор.

Прашан од новинарите дали Трамп верува во климатските промени, претставникот рече: „Може ли да не ја менуваме темата?“.

Од ваквата реакција е очигледно тоа што долго се знаеше и е корен на одлуката: За Трамп и неговата администрација, Парискиот климатски договор немаше ништо поврзано со климата. Во нивните очи е стриктно економско прашање. Барем според нив, повлекувањето од истиот претставува триумф за популистичка Америка врз алчниот глобализам.

За разлика од другите негови цели (здравствено осигурување и даночни реформи) Трамп дури не ги ни препознава климатските промени како проблем. Тоа фрла сомнеж врз неговите изјави дека САД остануваат отворени за репреговарање и ре-влегување во Парискиот договор. Тоа се гледа и по настапот на претставниците на Белата куќа по неговиот говор, кои не наведоа ниту еден специфичен начин на кој Трамп би го направил тоа, освен што најавија „акција“ во претстојните недели.

А дури и ако на Парискиот договор Трамп гледал како на чисто економски договор, неговата одлука сепак е погрешна, бидејќи се базира на „фалична“ студија и бројки извадени од контект. Фактите ги има Политифакт.

Ќе ја вметнеме тука и шегата на Џими Кимел:

„Бај д веј, не се само еколозите што сакаа да останеме во Парискиот договор. Exxon Mobil лобираше да останеме. Shell сакаше да останеме. Walmart го поддржуваше. Бидејќи очигледно овие големи компании ги пресметале бројките, и излегло дека ако климатските промени го уништат човечкиот живот на Земјата, тоа може да биде лошо за бизнисот“.

И за крај, веројатно најтрагикомичната изјава на Трамп досега – дека не сака Америка да биде земја на која ќе ѝ се смеат:

- Реклама -