Porsche не сака клиенти што купуваат Поршиња само за чаталење

Porsche е незадоволен од дел од клиентите на марката кои ги купуваат неговите модели само заради покажување на својот статус или пак да бидат како велат од компанијата „покажани со прст“.

Германците сакаат автомобилите да се продаваат на луѓе кои ќе ги направат задоволни, а не на оние кои ќе ги чуваат во гаража до зголемување на вредноста. Затоа се преземени одредени чекори и шефовите на фирмата презеле задача да се најдат соодветни решенија за да се справат со ситуацијата. Затоа ќе бидат спроведени одредени истражувања за да почнат да се испитуваат многу подетално идните клиенти. Јасно е дека оние кои се „откриени“ како колекционери нема да добијат пристап до „чисто ново Porsche“.

Porsche сака да знае го знае името на буквално секој што ќе нарача од продавниците сосема нов примерок. Дали тоа е можно претстои да видиме, но сигурно студијата ќе е многу потемелноа отколку слични направените од порано.

- Реклама -