Rolls-Royce го направи најскапиот нов автомобил во историјата

Ексклузивните, луксузни и брзи автомобили логично чинат огромни суми на пари. Моделите на Pagani и Koenigsegg се проценуваат на повеќе од милион долари, а Bugatti Chiron се продава за речиси 3 милиони долари. Сето тоа е „ништо“ пред автомобилот направен од Rolls-Royce по нарачка на клиент.

Британскиот производител го покажа импресивниот Rolls-Royce Sweptail, чија цена се очекува да биде над 12 милиони фунти. Значи тоа ќе биде најскапиот сосема нов автомобил, некогаш произведен. Поради нестандардните форми, машината е навистина уникатна, а од неа ќе има само една изведба. Идентитетот на клиентот ќе остане во тајност, но очигледно станува збор за многу богат човек. Дизајнот на Sweptail е сериозно под влијание на екстравагантите форми на автомобилите од 30-тите години на минатиот век, меѓу кои најмногу од модели на Rolls-Royce.

Работата над возилото е започната уште во 2013 година, а клиентот активно учествувал во развојот со свои идеи. Една од нив е поставувањето на бројките 08 во предниот и задниот дел на суперлуксозното купе. За правење на ентериерот користени се само високо квалитетни материјали – дрво, кожа, метал и стакло, велат од Rolls-Royce, но претпочитаат да не покажуваат фотографии на ентериерот.

- Реклама -