Не ја викајте Никол Кидман во кулинарски шоуа

Се собрале три жени да готват. Едната е Елен ДеЏенерис (нејзино е шоуто), другата е Никол Кидман, а третата е некоја си позната кулинарка во Америка која има „напишано“ неколку готвари, имала неколку кулинарски шоуа и има ресторан во Вегас.

Е, оваа третава фаќа да ги гњави Елен и Никол да глумат лудило и да прават некакви си ќофтиња. Најглупото е што тоа готвењето „во живо“ е чиста фарса, а крајниот продукт таму стои уште со часови пред да почне шоуто. И така, готвачкава… кулинаркава де, добро… на моменти малку се занесува и им се потсмева на несмасноста, заборавајќи дека стои меѓу Елен – која е комичарка (не којзнае колку добра, ама сепак) и Никол Факин Кидман, која е цар и е спремна да те дупчи пред цела милионска публика, па и да ти ја плукне храната.

Следуваат 6 минути исполнети со „едно незгодно“, а и многу мемиња во фаците на Никол Кидман. (Главното спуштање е накај 4:40)

- Реклама -