Рацете што ја држат Венеција

Венеција ионака си тоне, а климатските промени само внесуваат дополнителен страв дека можат да го забрзаат процесот.

Овие две гигантски раце се издигаат од еден канал во градот за да испратат силна порака поврзана со климатските промени. Тоа е: Глобалното затоплување е бомба, која треба да се деактивира пред да експлодира.

За да се зголеми свеста за овој огромен проблем, италијанскиот сликар Лоренцо Квин (Lorenzo Quinn) создаде импресивна скулптура за овогодинешното Биенале во Венеција.

Квин е познат по вклучувањето на елементи од делови на човечкото тело во својата работа, па и овој проект не е поинаков. Овие две масивни раце се закачени на хотелот Ca ‘Sagredo и се обидуваат да ја задржат зградата над водата. Повикот на уметникот е да обрнеме сериозно внимание на глобалното затоплување, пред да биде предоцна.

„Раката поседува толку многу сила – силата да сакаш, да мразиш, да создаваш, да уништиш“, порачува скулпторот.

- Реклама -