Венеција тоне, и тоа не се нови вести, бидејќи Венеција тоне уште откако градот е воспоставен. Како и да е, инженерите не се откажуваат од обидите да го спасат.
MOSE е експериментален електромеханички модуларен систем дизајниран за да ја штити Венеција и Венециската лагуна од високите плими, со помош на бариери против поплавување.
Градот се соочува со „aqua alta“ (висока вода) во последните неколку декади, резултат на сезонските дождови, зголемената плима и силните ветрови.
Проектот се состои од подвижни порти замислени привремено да ја одделат лагуната и градот од Јадранското море за време на плими големи и до три метри. Дел е од Генералниот план за интервенции, кој има за цел да ја штити Венеција.
Како работи?
„Под нормални плиматски (ако може така да се каже) услови, портите се полни со вода и лежат мирно во нивните матични структури. Кога има предвидувања за висока плима, во портите се внесува компресиран воздух кој ги празни од водата, предизвикувајќи да ротираат околу својата оска на поврзувачките ’шарки’ и да се подигнат над нивото на водата, спречувајќи ја плимата од навлегување во лагуната. Кога плимата се повлекува, тие пак се полнат со вода и се враќаат во матичното лежиште“.
Конструкцијата во секој од ‘пунктовите’ на лагуната почна во 2003, но истражувањето во еден од нив – Лидо, се одвиваше меѓу 1988 и 1992 година.
MOSE бариери се инсталирани на Лидо, Маламоко и Чиогија. Бариерите се флексибилни и дизајнирани да можат да бидат оперирани на различни начини, зависност од спецификациите и висината на плимата. Се работи за 78 независни порти кои можат да бидат оперирани индивидуално. Тоа значи дека секој ‘пункт’ може да биде затворен делумно, и/или еден по еден. Во системот се земени во предвид сите поважни фактори – атмосферскиот притисок, висината на плимата, временските прогнози и ветровите.
Процесот на активација на бариерите трае вкупно 4 до 5 часа, вклучувајќи го времето потребно бариерите да се кренат и спуштат по повлекувањето на плимата. Притоа, MOSE бариерите се дизајнирани и за да овозможат активност на големите бродови, рибарските бродови, како и јахтите во венециското пристаниште.
Проектот е и еко-френдли, со тоа што настојува да ја зачува плитката животна околина во лагуната, забавувајќи ја деградацијата на морфолошките структури предизвикана од од ерозија од брановите.
Денес селата и гратчињата во лагуната се околу 23 сантиметри пониски отколу во раните 1900-ти. Секоја година, илјадниците поплави предизвикуваат сериозни проблеми со импакт врз влошувањето на архитектурата, урбаните структури и екосистемот. А Венеција продолжува природно да тоне по околу 1-2 милиметри секоја година.
Глобалното загревање останува една од најважните опасности за Венеција, како и за другите поморски градови и земји.
Повеќе информации за проектот на линков.