Како вистински изгледа бакнеж?

Признајте, и вие реагиравте исто. Кога децата ќе видат двајца како се бакнуваат, првата реакција им е фаца „Бљак!“. Знаат ли децата нешто што ние сме заборавиле?

По сé изгледа, да. Пред Холивуд и Дизни да им ја оформат претставата на бакнежот како филмски и романтичен, децата го замислуваат каков што навистина е – измешани телесни флуиди и парчиња месо и коски во меѓусебен контакт.

Еве сликовит аргумент, благодарение на саможртвата на MrRobotoGotAGato на Imgur, кој доброволно лапнал камера за да прикаже како изгледа бакнежот гледан одвнатре.

Зарем има нешто поубаво од бакнежот? Има, има.

- Реклама -