ВИДЕО: Стадо крави што првпат гледаат дабар

Виралново видео ја опишува несекојдневната ситуација на еден ранч во Саскачуван во Канада.

Тоа е мошне влажен, мочуришен предел, кој изобилува со разноликост од животни, па кравите се навикнати со нив да го делат просторот. Но, ете, немале видено дабар; иако и дабарите таму се чести, обично се движат во и околу вировите. Овој решил да помине преку полето зашто во овој дел од сезоната тие бари се преполни со дабари, па некои, како овој, решаваат да побараат нова бара.

Љубопитново стадо крави деновиве е вистински хит. Ранчерката која го снимила видеото раскажува дека ова се случувало цели 10-тина минути, и кравите го следеле дабарот сé до моментот кога стигнал и поминал под оградата. Дури и тогаш, кравите застанале покрај оградата и го набљудувале уште 10-тина минути додека конечно не се изгубил во далечината.

Линк до Youtube, во случај да не ви го отвара видеото.

Интервјуто со ранчерката:

- Реклама -