Го испразнил главниот трезор на Тутунска Банка како господин човек

Четириесет годишниот Б.С. од Скопје, вработен во Тутунска банка, вчера попладне „го ограбил“ трезорот на банката. Празнењето се случило пред 16 часот. Празниот трезор го открил директорот на трезорот во 16.58 часот, потврдува МВР.

Од полицијата информираат дека Б.С. од трезорот украл си земал 2 милиони швајцарски франци и 270.000 евра. Според досегашниот тек на истрагата, се знае дека Б.С. (фино, лепо, и културно) ги ставил парите во торба и без да биде забележан од обезбедувањето или од колегите излегол од банката (инстантно трансформирајќи се во богат господин). Повеќе од 24 часа истражителите не знаат каде е Б.С., а по него е распишана потерница.

Нашата чудесна Македонија.

plusinfo.mk

- Реклама -