Economist’s Intelligence Unit неодамна објави нова класификација на најскапите градови во светот, и Сингапур пак е на врвот.
Истражувањето, кое ги споредува цените на 160 различни стоки и услуги во 133 градови, заклучува дека во Сингапур е 20% поскапо отколку во Њујорк, и 5% поскапо од Хонгконг – кој е втор на листата.
Основната причина што го прави Сингапур да биде најскап град на планетата, според Straits Times, е цената на тоа да поседуваш автомобил, која во градот/земјата е исклучително висока.
Според Expatistan.com, кој ги базира своите податоци на 4.867 цени добиени од 1.026 разни потрошувачи, поседувањето на новиот Volkswagen Golf во Сингапур вкупно ќе те чини над 90.000 долари. За споредба, во САД тој модел се продава за околу 20.000 долари.
CityLab објаснува што стои зад безумно високите трошоци што ги носи поседувањето на автомобил во островот град-држава. Главниот дел отпаѓа на разните такси и даноци кои владата им ги наложува на сопствениците на автомобили; сето тоа е во обид да се ограничи сообраќајот и метежот, со оглед дека градот е пренаселен.
Како резултат на таквата политика, само 15% од населението на Сингапур поседува автомобил. Таа статистика го сместува островот меѓу најзелените градови, ако не и најзелен регион во Азија.
Автомобил во Сингапур се оданочува со најмалку 100% данок на неговата пазарна вредност, а морате да поседувате и сертификат за право на поседување на автомобил. Цената на сертификатот варира во зависност од побарувачката.
Додека во 2008 година Toyota Corolla купена во Сингапур ќе ве чинеше 48.000 долари, денес ќе ве чини близу 96.000 долари.
Сето ова не е насила наметнато од владата. На пример, кога дел од жителите на Сингапур изразија желба да имаат пристап до таканаречените 5 Cs – кола, стан, пари, кредитна картичка и пристап до кантри клуб, тоа доведе до масовно негодување, па дури и до протести, потсетува Money.com.
Еве некои и од другите трошоци:
• Месечна кирија на имот од 900 метри квадратни во модерен кварт – 1900 долари
• Вечера за двајца во маалски паб – 40 долари
• Ручек – 9 долари
• 40-инчен телевизор со рамен екран – 489 долари
• Паста за заби – 2.58 долари