Инспиративни животни приказни

one_person_world.jpg Откако стивнаа дискусиите дали и како треба да се слави 8 март, 365.com.mk го одбележува Меѓународниот ден на жената со избор на неколку инспиративни цитати и животни приказни кои меѓу другото треба и да ги потсетат мажите (а и голем дел од жените) дека феминизмот не е упатен против некого, туку за сите. Прочитајте и не заборавајте – една личност може да го смени светот.

Откако стивнаа дискусиите дали и како треба да се слави 8 март, 365.com.mk го одбележува Меѓународниот ден на жената со избор на неколку инспиративни цитати и животни приказни кои меѓу другото треба и да ги потсетат мажите (а и голем дел од rosa-parks.jpgжените) дека феминизмот не е упатен против некого, туку за сите. Прочитајте и не заборавајте – една личност може да го смени светот.

Сакам да ме знаат како личност која се грижи за слободата, еднаквоста, правдата и напредокот на сите луѓе. – изјави Rosa Parks на својот 77 роденден.

Parks е позната како мајка на движењето за граѓански права која на 1 декември 1955 година одби да му го отстапи своето место во автобусот на бел патник и со тоа го иницираше движењето против расната сегрегација во САД.

eleanorroosevelthumanrights.jpg

 

Запомнете дека никој не може да направи да се чувствувате инфериорни без ваша согласност. – Eleanor Roosevelt

Прва дама на САД од 1933 до 1945 година. По смртта на сопругот Franklin D. Roosevelt во 1945 година, таа останува во политиката. Како поддржувач на граѓанските права, во 1940 година стана една од основачите на неладината организација Freedom House посветена на истражување и правно застапување на демократијата, политичката слобода и човековите права, а го поддржа и формирањето на Обединетите Нации. Таа беше делегат во Генералното собрание steinem.jpgна ОН од 1945 до 1952 година, а во тој период беше претседавач на комитетот што ја подготви и одобри Универзалната декларација за човекови права. Во времето на John Kennedy, Eleanor претседаваше со Претседателската комисија за статусот на жените, со што се поттикна т.н. втор бран на феминизмот во САД.

Мислам дека жената има две опции: или е феминистка или е мазохист. – Gloria Steinem
Steinem е позната феминистичка икона и меѓу другото е основач на списанието Ms. и основач на организацијата за право на репродуктивен избор Choice USA.

Луѓето велеа дека жените не можат да го препливаат каналот, но јас докажав дека gertrude-ederle.jpgможат. – Gertrude Ederle

Во 1926 година Gertrude стана првата жена што го преплива Англискиот канал соборувајќи го тогашниот рекорд за повеќе од два часа и поставувајќи рекорд што беше соборен дури во 1950 година.

Сè уште живееме во свет каде значителен дел од луѓето, вклучувајќи и жени, веруваат дека жената припаѓа и сака да припаѓа само и единствено во домот. – Rosalyn Sussman 
Sussman е добитник на Нобеловата награда за физиологија или медицина во 1977 duncan_isadora2.jpgгодина.


Секоја интелигентна жена која го чита брачниот договор, а потоа го прифаќа, ги заслужува сите последици. Isadora Duncan

Уметник, мајка на модерниот танц, авантурист, поет. Првата асоцијација за Исидора е танцот, па многумина не знаат дека таа имала смели и оригинални идеи и жива поетска имагинација кои ги искажувала со многу ентузијазам и хумор. Како отворен критичар на современото општествено уредување таа постојано се залага за правата на жените и за општествена револуција.
majka_tereza.jpg
Не чекајте водачи; делувајте сами, еден на еден. – Мајка Тереза

За неа секако знаете доволно и се надеваме дека и покрај срамно извиканиот спомен-дом скопјани сепак ја почитуваат жената која целот свој живот го посвети на исправање на неправдите во светот.
 
mary_wollstonecraft.png
Не им посакувам да имаат моќ над мажите, туку над себе
. –Mary Wollstonecraft

Wollstonecraft
е писател, филозоф и феминистка од 18 век, најпозната по ставот дека жените не се природно инфериорни и дека тоа се должи единствено на недостигот од образование.

Има посебно место во пеколот за жените кои не им помагаат на други жени.  –  Madeleine Albright
Albright родена во Прага како Мarie Jana Korbelová е првата жена на позицијата државен секретар на САД (1997 до 2001 година), која од 1993 до 1997 беше и амбасадор на САД во ОН.
glenda-jackson.jpg

Порано мислев дека било што е подобро од ништо. Сега знам дека понекогаш ништо е подобро. – Glenda Jackson

Glenda Jackson е доказ дека никогаш не е доцна! Британската актерка која два пати доби Оскар за главна женска улога реши да ја смени професијата и на свои 56 години влезе во политиката. Своите позиции ги користи да влијае против учеството на Британија во војната во Ирак.

- Реклама -