Министер за полиција сам се пријавил во полиција

Министерот за полиција во Нов Јужен Велс во Австралија – Трој Грант, самиот се пријавил во полиција заради користење мобилен додека возел.

За време на едно саботно возење, во автомобилот пред себе забележал овца. Ја сликал ситуацијата со мобилниот, а потоа сликата ја објавил на Твитер.

Арно ама, откако ја објавил сликата, сфатил дека и тој самиот ги прекршува правилата со тоа што користи мобилен додека вози, по што се пријавил кај надлежните.

По пријавата, известен бил дека го очекува казна од 250 долари.

„Ова е голем потсетник. Никој не е над законот, дури ни ако е министер на полиција“, изјави министерот за полиција.

- Реклама -