Умре атлетскиот судија што беше прободен со копје

Несреќниот атлетски судија Дитер С., кого на вчерашниот митинг во Дизелдорф го прободи копје по фрлање на еден натпреварувач, почина утрово во болницата во Дизелдорф.

И покрај итната хируршка интервенција, судијата на возраст од 75 години не успеа да се опорави подлегнувајќи им на повредите. Тој беше несреќно погоден на вчерашниот митинг, сосема случајно од еден натпреварувач во пределот на вратот.

Копјето му ја скина кародината артерија при што со возило на брза помош беше пренесен во централната болница во Дизелдорф. И покрај напорите на медицинскиот тим да му се спаси животот, обидите останаа неуспешни.

Според наведувањата на очевидците копјето тешко 700 грама со острилото на врвот го фрлил еден 17-годишен натпреварувач, но тој нема да сноси никакви кривична одговорност. Трагедијата се случила затоа што судијата предвреме тргнал да ја измери должината на фрленото копје, погрешно проценувајќи го летот, притоа задобивајќи фатални повреди.

- Реклама -