Home Популарно на 365 Не биди наивец – задолжителен краток документарец од 1947 година

Не биди наивец – задолжителен краток документарец од 1947 година

0
Не биди наивец – задолжителен краток документарец од 1947 година

Во 1947 година, Америка сними видео со цел да ги едуцира луѓето за древната тактика на „Раздели, па владеј“. Конкретно се однесува на тоа како нацистите завладејаа со Германија, поточно како толку Германци им се придружија и ги направија толку моќни. Сепак, заклучоците во приказната се општочовечки и вонвременски.

Како нацистите стигнаа на чело на Германија и го спроведоа еден од најголемите масакри во историјата на светот? Погодувате? Преку поделба на народот.

Препорачуваме да го изгледате видеово, затоа што е порелевантно од било кога. Ова се случувало во нацистичка Германија, се случува сега во САД со малцинствата, се случува во Европа со мигрантите, се случува во исламските земји кон христијаните, се случува кај нас на национална основа веќе децении…

Приказната е доволно едноставно за да може секој да ја разбере. Но носи одлични поенти.

Ако не ви е до видео, тоа се следниве:

Прво, дека луѓето не се родени со предрасуди. „Предрасудите секогаш се создадени од некој друг, некој што има корист од нив“.

Другата е дека сите сме малцинство. Ти си Албанец, друг е шофер, трета е атеист, четврта е чистачка, петти е невработен. Човек е склоп од мислење и делување на многу полиња истовремено. Кога ќе дојде вистинската прилика, некој ќе ги искористи тие ваши аспекти, ќе ве подели врз основа на неколку од нив. И другите ќе ве остават, исто како што вие сте го оставиле првото „малцинство“ кога било  нападнато и стигматизирано.

На светот има два вида луѓе: Едните имаат нешто. Другите коваат планови како да им го земат тоа нешто. Не биди наивец.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here