ВИДЕО: Научници против кутија ќибрит

Џејмс Ранди е поранешен илузионист/магионичар, што потоа се посветува на скептицизам и разоткривање на наводно „паранормалните феномени“ и псевдонауката. Раскажува како некој тип прелажал половина од научниците во еден научен центар со кутија ќибрит, убедувајќи ги дека ја движи со „психокинеза“.

„Се разбира, научници како научници, ја испитаа (кутијата ќибрит) со ласери, ја скенираа со ултравиолетови и инфрацрвени зраци, ја измерија до милионити дел од грам, го испитаа секое чкорче многу внимателно, ја фотографираа, ја скенираа со поларизирано светло… сé тоа… за да се осигураат дека нема конци, жици, магнети, или нешто друго невообичаено околу неа“, раскажува Ранди.

А сепак, типот ги прелажува. Во видеото ќе видите како (главното е од 2:18, ако ептен ви се мота).

Ако не разбравте, трикот е во тоа да ја подотворите кутијата, и да заглавите дел од кожата меѓу „фиоката“ и рамката. Кога ја стегате  раката во тупаница, кожата се затегнува и ќибритот се поткрева. Кога ја опуштате – обратно. Работи само кога во ќибритот има 5-6 чкорчиња.

- Реклама -