25 прашања што Apple ќе ви ги постави на интервју за работа

Apple е познат по тоа што е едно од најпредизвикувачките и највозбудливите работни места, па добивањето на работа во оваа компанија не е лесна задача.

Како и Google и останатите технолошки џинови, Apple поставува микс од технички прашања поврзани со претходното работно искуство, но и добар дел трик-прашања за кои е потребно добро да го измачите мозокот пред да одговорите.

Apple-Employees[1]

Glassdoor издвојува дел од најтешките, од оние што им биле поставени на кандидатите за работа. Некои од нив бараат да решите „зезнати“ математички проблеми, додека другите се толку општи и опширни што ќе ве препотат додека ги одговорите:

1. „Кажи ми нешто за што си горд што си го направил во животот“
Работна позиција: Software Engineering Manager

2. „Кои се твоите неуспеси, и што научи од нив?“
Работна позиција: Software Manager

3. „Опиши некој интересен проблем што си го имал и како си го решил“
Работна позиција: Software Engineer

4. „Како ќе му објасниш на 8-годишник што е тоа рутер/модем и кои се неговите функции?“
Работна позиција: At-Home Advisor

5. „Што те натера денес овде?“
Работна позиција: Software Engineer

6. „Имаш 100 парички поставени на масата. 10 од нив се со лицето нагоре, а 90 со опачината. Не можеш да чувствуваш, гледаш или на било кој друг начин да дознаеш која страна е нагоре. Подели ги паричките во две купчиња во кои ќе има подеднаков број на парички свртени со лицето нагоре“
Работна позиција: Software Engineer

7. „Што би сакал да правиш 5 години од сега?“
Работна позиција: Software Engineer

8. „Зошто сакаш да се приклучиш на Apple и што ќе ти недостасува најмногу од твоето моментално работно место ако Apple те вработи?“
Работна позиција: Software Engineer

9. „Опиши се себе си. Што те возбудува?“
Работна позиција: Software Engineer

10. „Како би тестирал тостер?“
Работна позиција: Software QA Engineer

11. „Ако те вработиме, на што би сакал да работиш?“
Работна позиција: Senior Software Engineer

12. „Има три кутии, во едната има само јаболки, во другата има само портокали, а во третата има и јаболки и портокали. Кутиите се погрешно етикетирани, така што ниту една од етикетите не наведува што има во кутијата. Отворајќи само една кутија, и без да гледаш во неа, земаш едно овошје. Гледајќи во него, како веднаш ќе дознаеш која етикета на која кутија припаѓа?“
Работна позиција: Software QA Engineer

13. „Дали некогаш си се спротивставил на одлуката на менаџерот и каков ти беше пристапот кон несогласувањето? Наведи конкретен пример и објасни како го надминавте ова несогласување, каков беше конечниот исход и како таа индивидуа би те опишала денес?“
Работна позиција: Software Engineer

14. „Зошто треба да те вработиме?“
Работна позиција: Senior Software Engineer

15. „Дали си креативен? Што е најкреативното нешто што можеш да го смислиш во моментов?“
Работна позиција: Software Engineer

16. „Опиши некое понижувачко искуство.“
Работна позиција: Apple Retail Specialist

17. „Што е поважно – решавање на проблемот на клиентот или креирање на добро искуство кај клиентот?“
Работна позиција: Apple At Home Advisor

18. „изгледаш прилично позитивно. Какви нешта ти го расипуваат расположението?“
Работна позиција: Family Room Specialist

19. „Покажи ми (одглуми) како би му покажал на клиентот дека сакаш да помогнеш, користејќи го само гласот.“
Работна позиција: College At-Home Advisor

20. „Ако ти е дадена апликација од типот на iTunes, која симнува многу слики кои со време се таложат и стануваат непотребни, која стратегија би ја искористил за да ги отстраниш неупотребените слики по одредено време?“
Работна позиција: Software Engineer

21. „Ако ти е дадена тегла со микс од вистински (со две различни страни) и лажни (идентични од двете страни) парички и ако земеш една и ја свртиш 3 пати, а како резултат ја добиеш конкретната секвенца од „глава, глава, петка“, кои се шансите дека си извлекол вистинска или лажна паричка?“
Работна позиција: Lead Analyst

22. „Кој ти беше најдобриот ден во последните 4 години? Кој ти беше најлошиот?“
Работна позиција: Engineering Project Manager

23. „Колку деца се раѓаат секој ден?“
Работна позиција: Global Supply Manager

24. „Кога ќе влезеш во продавница на Apple во улога на муштерија, што најмногу забележуваш во продавницата/како се чувствуваш при првото влегување?“
Работна позиција: Specialist

25. „Ако имаш 2 јајца и сакаш да одредиш кој е највисокиот кат од кој можеш да го фрлиш јајцето без да се скрши, како ќе го направиш тоа? Кое е оптималното решение?“
Работна позиција: Software Engineer

Текстот е објавен во соработка со VIA Marketing.

- Реклама -