Италија ќе ги помага сиромашните со по 500 евра месечно

Во второто и последно читање, италијанскиот Сенат усвои закон со кој се воведува таканаречен приход за инклузија, наменет за најсиромашните семејства во земјата.

За негово спроведување, во 2017-та година ќе бидат издвоени 1.6 милијарди, а во 2018-та, сумата ќе порасне на 1.8 милијарди евра.

„Тоа ќе биде прв пат нашата земја да има национален и структурален инструмент за борба против сиромаштијата – приход за инклузија, кој ќе овозможи да им се помогне на оние кои се во тешкотии; не само на оние кои припаѓаат на одредени категории, како што се старите лица, невработените или хендикепираните“, рече италијанскиот министер за труд – Џулијано Полети.

Со мерката ќе им се пружи помош на околу 400.000 семејства, или поточно – 1.8 милиони Италијанци, со месечна рата од околу 500 евра.

Во следните шест месеци, владата треба да ги усвои декретите за примена на законот, со кои ќе се прецизира кој точно има право на овој приход за инклузија.

- Реклама -