ВИДЕО: Како да го извадиш целиот кечап/мајонез од шишето

Ако си фан на кечап, по дифолт не си фан на шишето. И ништо чудно да си размислувал, како и јас, дека се работи за заговор од страна на кечап-индутријата, која шишињата намерно ги прави такви, за да се откажеш од дотрошување на кечапот и да купиш нов порано од планираното.

Да, така производителот не заштедува на количина, но веројатно се зголемува потрошувачката, а секој продаден грам кечап е помалку или повеќе – профит. Додуша не им пали финтава со мајка ми; остатокот во шишињата таа го разредува и го става во манџи, наместо доматен сос.

Не мора баш да нé сфаќате сериозно за ова напишаново погоре, исто како што не треба да го сфатите сериозно ни видеово:

Во меѓувреме и нас ни текна метод врз база на центрифуга, веројатно поефикасен, поевтин и поедноставен… Исто така не е пресериозен, ама еве го: врзете го долниот крај од шишето кечап со тенко јаже, и држејќи го другиот крај во раката, почнете да го вртите шишето како да вртите нунчаки, т.е. како пропелер. Колку поголем радиус, толку посилна центрифуга.

- Реклама -