За секој родител, еден од најголемите стравови е неговото дете да фати некоја сериозна болест. За среќа, модерната медицина има најдено начин да ги редуцира шансите тоа да се случи. И да, тој начин се вакцините.
Со вакцинирање на голем дел од популацијата против заразните болести, се зголемува заштитата и за тие што не се вакцинирани. Тоа е познато како „имунитет на стадото“ т.е. колективен имунитет.
Налетавме на една добра .gif анимација што илустрира колку е ефективна таквата пракса. Видливо е дека што повеќе од населението е вакцинирано, толку е потешко за болеста да се шири.
Легенда:
• Црната точка во средина е инфицираниот
• сините точки се невакцинираните
• жолтите се вакцинираните
Од прикажаното јасно се гледа разликата во тоа со колку потенцијално изложени лица стапува во контакт носителот на инфекцијата при различни проценти на вакцинираност на населението.
Патем, визуелизацијава е направена со помош на таканаречена „R симулација“, со симулирана дата, не со вистинска, со цел да се демонстрира концептот на имунитет на стадото. Сепак, процентите се калибрирани според вистинската ефикасност на имунитетот на стадото против болестите, и тоа базирани на епидемиолошките податоци и истражувања цитирани од PBS, тука.
Работи што треба да се знаат:
• Во ретки случаи можат да бидат заразени и вакцинирани луѓе. Вакцинацијата не е перфектна.
• Дури и да се заразиш, а си вакциниран, имунитетот ќе ти биде поподготвен да се избори со инфекцијата, а негативните последици ќе бидат многу помали.
• Во ретки случаи, исто така можеш да станеш носител на болеста, без ти лично да се разболиш. Тоа значи дека можеш да ги разболиш другите околу тебе, што е само уште еден аргумент плус дека што поголем дел од популацијата треба да биде вакцинирана.