ВИДЕО: Си го спаси дронот

Типот со далечинското е на плажата, а дронот некаде над карпите. Одеднаш ја губи контролата (можеби заради дометот), а дронот почнува да паѓа. Дечкото почнува да трча…

И еден коментар на видеото што не можевме да го одминеме:

„Ова видео перфектно демонстрира која е разликата меѓу победниците и губитниците. Кул е што тој успеа да го фати дронот, но јас сум импресиониран што тој воопшто проба да го фати. Јас сум губитник. Во моментот кога ќе сфатев дека дронот почнува да паѓа, јас ќе си помислев, ‘Е тоа е, отиде уште еден дрон’. Овој тип, од илјада метри оддалеченост, си помисли ‘Можам да го фатам!’. Е ова е став на победник, баш овде.“

Линк до коментарот

- Реклама -