Нискиот крвен притисок причина за хроничен замор

Дали сте дел од луѓето кои често се будат поизморени отколку кога си легнале? Дали честата главоболка, вртоглавица, темнење пред очите, слабата концентрација, слабоста, безволноста и млитавоста се епитети кои често си ги препишувате себеси? Нејверојатно имате проблем со низок крвен притисок или хипотензија.

Нискиот крвен притисок може да биде многу проблематична состојба, но може и да укажува на друга болест особено ако вредностите се пониски од 100 со 60 mmHg. Нискиот крвен притисок означува бавна циркулација и слаба оксигенација на ткивата, па затоа и вие чувствувате замор, малаксаност, слаба концентрација и безволност.

Доколку патите од хроничен низок крвен притисок мора да се обратите на лекар каде што ќе биде препишана соодветна терапија. Треба да внимавате на топлите денови, односно да не се движите кога времето е премногу топло бидејќи тоа дополнително ќе ви го намали притисокот и може да предизвика колапс.

Мора да внимавате и со внесувањето на алкохолни пијалаци бидејќи некои алкохолни пијалаци интензивно го намалуваат крвниот притисок.

Што можете да сторите при низок крвен притисок?

  • Бидете физички активни, редовно и умерено.
  • Доколку во текот на ноќта имате потреба да одите во тоалет, секогаш останете во седечка положба најмалку две минути па потоа станете полека, истото важи и за утринското станување.
  • Доколку ги почуваствувате горе наведените симптомите на низок крвен притисок, иницирајте кашлање и веднаш испијте половина литар течност.

Објавено во соработка со За Здравје.

- Реклама -