Шпанија доби министер за секс

Шпанија го назначи својот прв Министер за секс. Негова работа ќе биде да ги натера луѓето повеќе да се активираат меѓу чаршафите.

За министер за секс е назначен Еделмира Бареира, а целата идеја зад ваквата функција е да се преиначи трендот на намалување на наталитетот, и да се натераат Шпанците да „произведуваат“ што повеќе бебиња.

Во моментов Шпанија е една од земјите со најмала стапка на новородени во Европа. Земјата буквално се соочува со популациона криза, особено откако лани за прв пат беа регистрирани помалку раѓања отколку умирања.

Според експертите, делумни причини за таквата ситуација се долгото работно време, културата на јадење доцна навечер, и легнувањето после полноќ. „Тоа не помага во создавањето на семејство“, вели Рафаел Пујол, од Бизнис Школата во Мадрид. „А кога ќе стигнат децата“, додаде тој, „станува уште полошо“.

Од 2008 па наваму, бројот на раѓања во Шпанија бележи голем пад, за 18%. Бројот на парови без деца, од друга страна, е трикратно зголемен во последниве децении – од 1.5 милиони во 1977 година, до 4.4 милиони во  2015-та.

Повеќето од шпанските жени велат дека сакаат две или повеќе деца. Но во 2015-та, тие на возраст од 18 до 49 години, во просек имале по 1.3 деца – многу под стапката на ЕУ од 1.58 деца.

- Реклама -