Како да познаеш издрогиран возач во кабриолет на -6°C

Викендов австриската полиција имаше лесна работа да уапси едно младо типче што возеше под дејство на дрога. Вниманието им го привлече еден мал детал: 24-годишникот возел кабриолет, а надвор температурата била 6 степени под нулата.

Типчево така возело едно 40-тина километри, од Линц до Велс на северот на земјата. Следното утро, откако го привеле, на полицајците им кажал дека за целото време на патувањето не чувствувал студ.

Ај што бил позитивен на тестот за дрога, ама младичот немал ни возачка дозвола, бидејќи, како што сам признал, „одамна му била одземена, заради казнени дела поврзани со дрога“.

Австрија, како и поголемиот дел од средна Европа, ја зафати студен бран со просечни температури од -10 до -2 степени.

- Реклама -