Во Индија се појави сом човекојадец

Повеќе...

Застрашувачка риба мутант почна да „лови“ луѓе откако претходно се хранела со човечки трупови. Истражувачите се плашат дека кај овој вид на голем сом, се развил вкус за човечко месо хранејќи се со мртвите тела кои се погребуваат во оваа река во Индија.

mutant_fish.jpg 
 
Локалните жители веруваа со години дека некое мистериозно чудовиште ги демне од водата, се додека не се се појавија случаеви кога невнимателните капачи во реката Големата Кали, која тече на индиско-непалската граница мистериозно исчезнуваа повлечени од нешто во водата. 18-годишен непалец исчезна минатата година, додека првата жртва во април 1988 год. беше 17-годишник кој се капел во реката.
Необичниот случај со „чудовиштето од водата“ беше испитуван од биологот Jeremy Wade и за тоа беше снимен документарец. Тој ги отфрли теориите дека можеби станува збор за крокодили за да открие дека се работи за сомови, едни од најголемите слатководни риби. Овој биолог успеа да улови еден со тежина од околу 73 килограми и со должина од 1.8 метри, што е светски рекорд и најголем сом уловен досега. Ова чудовиште од сом, највератно достигнало толкава големина хранејќи се со труповите кои на тој начин се погребуваат во оваа река во Индија. Според Jeremy Wade најверојатно така ова животно развило и вкус за човечко месо.
- Реклама -