Купете си малку воздух од Париз или Њујорк

Користејќи бизнис план инспириран од филмот “Spaceballs”, прашкиот фотограф Кирил Руденко продава „воздух во конзерва“ од Париз, Њујорк и други големи градови за 9,99 долари по конзерва.

Конзервите кои се достапни преку Etsy.com профилот на Руденко – украсени со етикети инспирирани од вински шишиња на кои е опишана мешавината на воздухот.

Формулата за Париз е:

  •     20 проценти The Louvre
  •     20 проценти Notre Dame
  •     25 проценти Eiffel Tower
  •     15 проценти Musée d’Orsay
  •     10 проценти Champs-Elysées
  •     10 проценти Sacre Coeur

Конзерва од Њујорк содржи:

  •     20 проценти Empire State Building
  •     10 проценти Grand Central Terminal
  •     10 проценти Chrysler Building
  •     20 проценти Statue of Liberty
  •     10 проценти Little Italy, Chinatown
  •     10 проценти Brooklyn Bridge
  •     10 проценти Times Square
  •     10 проценти Central Park

Руденко тврди дека „свежиот воздух“ од Њујорк „го намалува стресот и лечи носталгија“ но може да содржи „мали количини од Бронкс, Бруклин, Квинс.“

Во пародијата “Spaceballs”, режирана од Мел Брукс, Планетата Спејсбол го потроши својот воздух па Претседателот Скруб вдишува воздух од лименки Perri-Air.

{youtube}SiabeNR_q0U{/youtube}

- Реклама -