Палење свеќи во црква преку апликација од дома

Иноватори од Португалија изработија апликација за смартфон со која верниците можат да палат свеќи во црква, без да бидат во црквата. На пример, додека се на скијање. Или во Мекдоналдс. А и зошто би оделе до црква, кога Господ е во срцето?

Апликацијата е дело на двајца млади католици и e наречена „Кандла” (Candla). Преку апликацијата, со еден клик ќе може да се избере црквата, денот и светецот на кого е посветено палењето свеќа. Услугата чини едно евро и е временски ограничена на 15 минути, а достапна е во 14 цркви во Лисабон кои ја прифатија примената на новата технологија.

https://youtu.be/06x0H6_2AvQ

80% од Португалците се католици. Според еден од двајцата девелопери – Жоао Песоа (30), апликацијата ќе им биде од корист и на луѓето со попреченост. Candla промотивно беше пуштена во употреба во август и веќе ја користат 10.000 лица.

- Реклама -