Видео: Типов фати 240 семафори на зелено по ред

Океј, ова дефинитивно го прогласуваме за подвиг на годината. 

Знаеме какво е градското возење – има толку многу сообраќај и пешаци што ако погодиш три зелени светла во серија фактички имаш супер ден. Во Менхетн, Њујорк е уште полошо. Затоа Шон Светскај (или Светски) – како што е потпишан на Vimeo, видеово го снима во 3 наутро, што само по себе ич не е гаранција дека ќе фатиш 240 зелени светла по ред (океј де, 239 зелени и едно жолто се). Од една страна тоа говори за тоа колку добро се наштелувани семафорите во Менхетн, а од друга – дека Ноа Форман (возачот) можеби е еден од оние што работат на синхронизирање на семафорите, па затоа ја знае најсинхронизираната рута.

- Реклама -