Што се случи со американските знамиња на Месечината?

Buzz-Aldrin-Salutes-Flag[1]

Првиот објект изработен од човечка рака, a кој слета на Месечината, беше советската Луна 2 на 13 септември 1959 година.

Сепак, како прва мисија со човечки екипаж од астронаути која слета на Месечината ќе остане запаметен Аполо 11, на 20 јули 1969 година. До денес се верува дека САД е единствената земја која успешно слетала на Месечината.

Како и да е, меѓу 1969-та и 1972-та, Американците имаа уште шест такви мисии. Во овие мисии, на Месечината астронаутите поставија вкупно шест знамиња (сите американски, нормално). Токму знамињата и нивната наводна видливост со сателит/телескоп ги наведуваат како еден од доказите дека американското слетување на Месечината не било исценирано и снимено во филмско студио на Стенли Кјубрик, како што тврдат теориите на заговор.

Но што се случи со знамињата во текот на овие 40 години?

Првото знаме, тоа од Аполо 11, е исчезнато. Имено, Баз Олдрин рече дека уште веднаш по полетувањето од Месечината го видел како лебди во „воздухот“, а потоа и како паднало на површината. Се верува дека знамињата на Аполо 14 и 15 исто така се „откачени“ или дезинтегрирани. Сепак, експертите се сигурни дека знамето на Аполо 12 сé уште е на своето место. Сателитските снимки дефинитивно покажуваат сенка која се совпаѓа со знамето поставено на столбот. Слично важи и з Аполо 16 и 17. Сепак, научниците додаваат дека и тие знамиња веќе не личат на американски, и тоа заради УВ зраците, кои со тек на времето предизвикуваат избледување.

МИА, Вашингтон

­

- Реклама -