Полица со тајна фиока ќе ги скрие вашите вредни предмети

Оваа генијална полица е совршена за луѓето кои сакаат да ги демонстрираат своите ситници, но да ги скријат позасрамувачките предмети.

Одозгора можете да ја презентирате својата колекција на антички шолји за чај, додека во тајната фиока можете да ги скриете вашите Pokemon карти. Кога е затворена, полицата е дебела 3,3 сантиметри и нема да привлече внимание благодарение на дизајнот кој го прикрива работ на фиоката.

И наместо рачки кои би ја откриле вистинската природа на фиоката се отвара со пар магнетни „клучеви“ кои лесно можат да се отстранат. Покрај срамните предмети во полицата можете да скриете и вредни предмети и документи – барем тоа е идејата на Torafu Architects за создавање на оваа полица.

- Реклама -