Црногорец лежеше 23 часа и освои 200 евра

lenjost1[1]

Го спомнавме натпреварот, па редно е да го спомнеме и победникот.

Титулата најголем мрзливец, на петтото по ред натпреварување во излежување одржано во Пива, Црна Гора, ја освои 24-годишниот Петар Албијанич од Никшиќ.

Албијанич издржа да лежи 23 часа, за што ја освои првата награда од 200 евра. Сепак, не го собори рекордот од пред две години, кога Марко Ѓуровиќ лежеше 37 часа.

Организаторите најавуваат дека догодина баш тоа ќе им биде целта и се надеваат дека ќе можат да понудат поголема награда за соборување на рекордот. Во иднина натпреварот повторно ќе се одржува како и минатите години – во летните месеци. Овој беше исклучок, заради изборите.

- Реклама -