Горан Пандев со емотивна честитка за младите: Сé би дал за да доживеам ваков успех

Македонија го слави историскиот пласман на фудбалерите од младата македонска репрезентација на следното Европското првенство во Полска наредната година, а ниту еден фудбалски фан не остана имун, а уште помалку луѓето вклучени во најважната споредна работа во светот.

Имињата на Милевски, Бабунски, Маркоски, Барди, Велковски, Алексовски, Шишковски, Демири, Николов и останатите засекогаш ќе бидат испишани со големи букви во македонската фудбалска историја, а и во срцето на капитенот на сениорите – Горан Пандев, кој не ги сокри емоциите додека им честиташе на своите помлади сонародници.

„Ми ја наполнивте душата и ме направивте неизмерно среќен. Би ги заменил сите национални, куп, европски, светски титули, голови и лични признанија, само еднаш да доживеев ваков магичен успех во дресот на националната селекција! Вие успевте, денес сум горд на вас, горд Македонец. Секоја чест дечки, знам дека нема да застанете овде“ – гласи пораката која ја испрати македонскиот капитен преку својот официјален Инстаграм профил.

- Реклама -