Французин бара судот да му дозволи да се смее на фотографијата за пасош

Passport-with-Map[1]

Желбата на еден Французин да има дискретна насмевка на фотографијата на пасошот му беше одбиена, па тој одлучи своие права да ги бара преку суд.

Французинот, кој медиумите го нарекоа Тијери, има своја уникатна цел – се бори да им се дозволи на луѓето на фотографиите за пасош да имаат дискретна или барем насмевка како таа на „Мона Лиза“. Според него, сериозните лица на пасошите ги прават луѓето депресивни.

Тијери ја обвини Франција за злоупотреба на моќта и овластувањата, а во писмото упатено до новинската агенција „Франс Прес“ прашува дали Франција смета дека е одговорно однесување да се обвинуваат луѓе за смеење во и онака депресивната Франција.

Да можевме барем како Мона Лиза

Инаку, за тие што не знаат, причината што смеењето е забрането (или строго непрепорачливо) на фотографиите за пасош има многу врска со интернационалната безбедност. Многу од модернизираните аеродроми користат направи за биометриско скенирање и софтвер за фацијално препознавање.

Во идеални услови, лицето на патникот може да биде скенирано и тогаш електронски споредено со датабаза од легално набавени фотографии од пасоши. Изразитите биометриски шеми (patterns), како што е растојанието меѓу очите или формата на устата, ретко можат да бидат доволно променети за да спречат совпаѓање во софтверот.

Е сега, фотографиите од пасошите, кои всушност се користат за споредбата, треба да се што поконзистентни и поточни, без сенки или рефлексии кои можат да ги „искриват“ фацијалните карактеристики. Така, апликантите за пасош не само што не смеат да се смеат, туку веројатно ќе бидат замолени да ја тргнат евентуалната коса што паѓа преку лицето, да ги наклонат очилата така што ќе го елиминираат отсјајот, и да гледаат комплетно право со неутрален израз на лицето. Смеењето може да ги дистортира очите на субјектот и со тоа да се смени шаблонот на биометриските точки. Тоа значи и без зевање, без мрштење, и без никакви други фацијални експресии. Само неутрален израз (што ги прави луѓето депресивни, според Французинот).

 

- Реклама -