Воз прегази најмалку 11 крави, „настрадаа“ навивачите на Арсенал

voz_krave_arsenal[1]

Воз кој патувал од Абердин до Лондон уби 11 крави. 15 се водат за исчезнати.

Несреќните животни залутале на пругата, а забрзаниот воз просто немал друга опција освен да ги разнесе. Притоа, на предниот дел на возот настанале одредени оштетувања, но сите патници и возачот се неповредени.

Како и да е, несреќата предизвика прилично голем застој во железничкиот и другиот транспорт. Во еден од одложените превозни системи се наоѓала и поголема група фанови на Арсенал, на пат да го гледаат фудбалскиот меч на гости во Барнли. Ако ги прашате нив, тие го извлекоа најдебелиот крај, пропуштајќи го натпреварот.

https://youtu.be/N93XoHyGn74

- Реклама -