Home УмниБус Здравје Решенија за најчестите проблеми со стапалата

Решенија за најчестите проблеми со стапалата

0

Најголемиот број луѓе посветуваат внимание на стапалата само од естетска смисла, меѓутоа нивните промени многу често зборуваат за сериозни заболувања. Така, болката во стапалaтa може да значи остеопороза, ладните стапала се знак на лоша циркулација, а промените во ноктите се индикатори за појава на меланом.

Болка во стапалата

Ако чувствувате болка во стапалата по долг работен ден, тогаш најверојатно станува збор за несоодветни обувки. Меѓутоа, остеопорозата ги слабее коските што, исто така, се манифестара со чувство на болка. Ако болката продолжи во текот на подолг временски период, значи треба да посетите лекар. Ова особено се однесува на жените постари од 50 години кои се секако склони кон заболување од остеопороза.

Ладни стапала

Ако стапалата ви се постојано ладни, дури и во текот на најтоплите летни месеци, веројатно се работи за хроничен проблем со лоша циркулација, а оваа појава најчесто се среќава кај пушачите, лицата со висок притисок, дијабетичарите, како и лицата што страдаат од вишок килограми.

Болка во ножните палци

Гихт е еден облик артритис кој се јавува како резултат на преголема концентрација на мочна киселина. Оваа болест е за 20 отсто почеста кај мажите. Остеоартритисот е уште еден виновник за болката во ножните палци. Исто така, таа може да се јави и кај професионалните спортисти.

Грчеви во стапалата

Луѓето што имаат недостиг на магнезиум во телото често чувствуваат грчеви во нозете и на стапалата. Други причинители на грчеви во стапалата се и слабата циркулација, дехидратацијата, како и недостигот на калиум и калциум. Овие проблеми може да се решат со промена во режимот на исхрана и користење на витамински додатоци. Грчевите може да се јават и кај трудниците поради хормоналните промени, а може и да сигнализираат промена во работата на штитната жлезда.

Темни дамки на ноктите

Никако не смее да се игнорира појавата на темни дамки на ноктите, затоа што таа може да сигнализира појава на меланом, најопасниот вид рак на кожата. Дамките обично наликуваат на младежи, а ако се со неправилен облик и растат, веднаш појдете на дерматолог. Тие може да се појават и под ноктите.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here