Лекција за Пепси – внимавајте на троловите!

Се сеќавате ли на одличната практична шега со која ужасниот рапер Pitbull беше испратен на Алјаска? Се чини дека Пепси не научиле ништо од таа лекција, па така, им се случи нешто далеку пострашно во последниот обид за вирален маркетинг…

Mountain Dew е трговска марка во сопственост на Пепси. Нивната палета на производи се состои од десетици видови пијалаци со најразлични вкусови. Грешката беше направена кога се обидоа да спроведат вирална маркетинг кампања, со тоа што ќе им понудат шанса на интернет-корисниците да го именуваат новиот газиран сок со вкус на јаболко, во кампањата наречена “Dub the Dew”.

Набргу, дел од корисниците на 4chan, Reddit, 9gag и други сервиси ја прифатија понудата и започнаа да нудат свои имиња и да гласаат за нив. Откако одговорните лица сфатија што направиле, гласањето беше запрено, а анкетата тргната од официјалниот веб-сајт. Но, бидејќи ништо не се брише од интернет, откако еднаш ќе биде објавено, останува да видиме како компанијата ќе се справи со овој кошмар.

Доколку си го одржат зборот, компанијата ќе треба да го именува пијалакот според некое од најпопуларните предложени имиња, како што се на пример: „Дијабетес“, „Растечена бабичка“ или нашето омилено „Хитлер не направи ништо погрешно“. [4chan Tries To Dub The Dew, Trolls Mountain Dew]

- Реклама -