Раперот Pitbull, којшто живее во Мајами, се сложил да замине на промотивен настап на неговиот спонзор Wal-Mart, во оној маркет што ќе добие најмногу лајкови на Фејсбук. Она што тој не можеше ниту да го претпостави е дека интернетот обожава да си поигрува со славните личности што иритираат.
Сосема нормално, во кампањата најмногу гласови доби маркетот на островот Кодијак, којшто се наоѓа јужно од Алјаска и е познат по огромната популација на мечки. На островот живеат околу 6.000 луѓе, а страницата на тој Wal-Mart добила преку 70.000 лајкови. Ова се должи на кампањата на Твитер: „Да го протераме Pitbull“, започната од Дејвид Торп, автор во весникот Бостон Феникс.
Откако ги чул радосните вести, Pitbull излезе со реакција во видео објавено на YouTube:
{youtube}q4DrFBkl1yc{/youtube}
На крајот, раперот што вади речиси идентични песни, заминал на островот Кодијак, затоа што маркетинг стратегијата вели дека не смее да ги одбие желбите на спонзорот, а тој вели дека ќе замине каде било во светот за неговите фанови.
Нам само ни е жал што мечката на фотографијата е препрарирана… [Pitbull to Perform at Wal-Mart in Remote Area of Alaska]