Nike под оган од феминистките

За време на Олимписките игри во Лондон, Nike извади нова маичка, на која пишува Gold Digging. Со оглед на тоа што овој модел се продаваше исклучиво во женски модели, компанијата веднаш беше обвинета за сексизам.

Терминот gold digger се однесува на жена чијашто цел во животот е да најде богат човек и да се омажи со него поради парите. Па така, она што дизајнерите во Nike сметале дека ќе биде инспиративна, а во исто време и духовита порака, се најде под вкрстен оган од феминистките по речиси сите социјални мрежи. Маичката е наречена сексистичка, невкусна и навредлива за жените.

Но, тоа воопшто не влијаеше на продажбата на маичката, којашто според Nike е „стил со кој се започнува разговор“ и чини 25 долари. По иницијалните поплаки, компанијата излезе со кусо соопштение во кое се вели: „Nike отсекогаш ги поддржува спортистките и позитивниот пример што тие го поставуваат. Оваа маичка ја користи фразата на ироничен начин, кој е релевантен, со оглед на тоа што беше претставена точно во времето кога целиот свет беше фокусиран на успесите на спортистките.

- Реклама -