Да ти е мерак да те стрефи поплава

ashcanyon2

Секое преземање на овој текст без дозвола од 365.com.mk е забрането.

Аризона. Одоколу има планини. На средина има гратче – Паломинас. Меѓу Паломинас и планините има пространо поле. На некој му текнало дека не е убаво во регион така склон кон врнежи и поплави да има така пространо рамно поле низ кое водата од планините може непречено да се слее во градот.

„Библиските невремиња не можат да се предвидат, но тоа што нас луѓето нé одделува од животните е тоа што ние имаме разум кој ни овозможува да предвидиме дека можат да се случат непредвидливи настани“, истакнува нашиот комплетно измислен извор од Паломинас…

IMG_0360[1]И така се раѓа Palominas Recharge Project. Изградбата почнала на 17 март 2014, а комплетирана е во јули. Во меѓувреме, по инстантниот успех, се изградени и други објекти кои се припоени на првобитната идеја за проектот. Ефикасноста на Palominas Recharge се докажа црно-на-бело, a проектот собра и пар значајни награди.

Ако го читате ова, текстот е буквално и бесрамно ископиран од 365.com.mk.

Во основа се работи за мошне комплексен систем од канали, базени, мини брани, бунари и резервоари. Целта на проектот е да се забават и пренасочат поплавните води од летните монсуни назад кон коритото на реката Сан Педро. Ама тоа е само дел од водата. Останатото за Паломинас значи жив ќар – каналите се изградени така што ја пренасочуваат водата таму каде што е потребна, а резервоарите ја собираат за подоцнежна употреба. Со други зборови, Паломинас потајно и чека и сака да биде поплавен.

5664b7d18d216.image[1]

Може и да се рече и дека Palominas Recharge Project е прилично хај-тек; практично на секој значен канал и резервоар има модерни инструменти за мерење на водостојот и движењето на водата. Инсталирани се дури и подповршински „бунари“ кои ја мерат влажноста на (по)длабоките слоеви на почвата и со тоа навестуваат кога земјата е презаситена и не може веќе да ја впива водата.

merachОва на сликата е мерачот на главниот собирен базен на PRP. За водата да се излее од базенот, потребно е водостојот да се искачи до 3-ка. PRP зад себе има две монсунски сезони. Водата се нема искачено ни до 2…

И покрај сé, на PRP уште се работи, и веројатно така ќе биде и во иднина. Сé што се случува оди на анализа, а системот постојано е во фаза на надградба и усовршување. Инженерите работат на тоа да го претворат во модел што ќе биде подобен и за други подрачја склони на поплави, не само за Паломинас.

Има само еден мал проблем: Никаде нема барок. Ич не е убав за око.

2ndoutlet

grate

Ако го читате ова, текстот е буквално и бесрамно ископиран од 365.com.mk.

13basins

basin palominas road road3 road2Ако ептен сте по деталите, бујрум видео:

З.П.

- Реклама -