Девојката што јаде јаболки во Чернобил

Во последните неколку години, девојката која на Youtube е позната како Bionerd23, спроведува чуден експеримент и снима опасни клипови во најпознатата светска нуклеарна зона – Чернобил.

Да ѝ ги гледа видеата, човек ќе стекне впечаток дека за неа ништо не е премногу радиоактивно. Ќе ја видите како јаде даболки од дрвата покрај електраната, како допира гориво од реакторот со голи раце, и како шета без заштитна опрема.

Вели дека мотивот ѝ е да им покаже на луѓето дека нештата кои во Чернобил ги претставуваат како многу опасни, всушност и не се.
Од 2012-та, на Јутјуб има поставено преку 60 видео снимки од нејзиното истражување на Чернобил.
- Реклама -