Како јапонското образование штампа Јапонци за пример

Кога се зборува за Јапонците, веднаш ми текнува онаа слика кога крајно цивилизирано и со медицински маски чекаа редици за леб непосредно по катастрофата во Фукушима. Или на тоа дека пензионерите и постарите луѓе први се пријавија за доброволци да влезат и да ги чистат реакторите. Па добро, како може и зошто се Јапонците толку различни од другите? Одговорот можеби се крие во начинот на кој се спроведува нивното образование.

Манири > знаење

Во јапонските школи, учениците главно не полагаат тестови сé додека не стигнат до четврто одделение (10-годишна возраст), освен некои помали и не баш значајни. Целта на првите 3 години образование не е да се утврди знаењето или способноста на децата за учење, туку да се воспостават добри манири и да се развие детскиот карактер. Првото што децата го учат е да ги почитуваат постарите и да бидат нежни со животните и природата. Исто така учат да бидат и дарежливи, емпатични и соживливи.

Учебната година почнува на 1 април

Не е априли-ли-ли. За разлика од повеќето школи и универзитети во светот што почнуваат во септември или октомври, јапонската учебна и бизнис година започнува на 1 април. Првиот училишен ден често коинцидира со еден од најубавите природни феномени – цветањето на црешите, а академската година е поделена во три семестри: од 1 април – 20 јули, од 1 септември – 26 декември и од 7 јануари – 25 март. Имаат шестнеделен летен распуст и двонеделен зимски распуст и во зима, и во пролет.

Повеќето јапонски училишта немаат вработени чистачи – учениците самите ги чистат нивните училишта

Учениците сами ги чистат училниците, кафетериите, па дури и тоалетите. Кога чистат, тие се поделени во мали групи, чии задачи ротираат во текот на целата година. Јапонскиот едукативен систем верува дека тоа што учениците сами чистат зад себе ги учи на тимска работа и на меѓусебно помагање. Покрај тоа, поминувајќи го времето во чистење, метење и бришење, ги учи да го почитуваат својот и туѓиот труд.

За ручек има стандардизирано мени, а самиот ручек се јаде во училниците

Сите соученици ручаат заедно, а друштво им прави и професорот. Тоа помага да се изгради здрава и пријателска врска меѓу учениците и наставниците.

Се останува после часови

Си ја негуваат културата

Скоро сите ученици носат школски униформи

Отсуството од училиште е сведено на 0.01%

Еден тест им ја решава иднината

- Реклама -