Ресторан што бара гага свирка

piano-restoran

Менаџер на еден ресторан објави оглас и испрати писмо во кое се бара бенд.

„Ние сме мал и опуштен ресторан и бараме музичари кои ќе пејат и свират за нашите гости, ќе ја промовираат нивната работа и ќе ги продаваат своите дискови. Ова не е понуда за работа, но постои можност во специјални прилики, што евентуално можат да се претворат во ноќна забава доколку добиеме позитивни искуства, и да заработите. Преферираме повеќе џез и рок. Дали сте заинтересирани да ја промовирате својата работа? Ве молиме за одговор што е можно поскоро.

Одговор на музичарите

Среќна нова година! Јас сум музичар кој поседува голема куќа и бара ресторан што би се промовирал и би ми дошол дома да подготвува оброци за моите пријатели и за мене. Ова не е понуда за работа, но во специјални прилики може да се претвори во ноќна забава доколку добиеме позитивни искуства и ќе можете да заработите. Преферираме фини и егзотични оброци. Дали сте заинтересирани да го промовирате вашиот ресторан? Ве молиме за одговор што е можно поскоро.

- Реклама -