Како ќе изгледаше Инстаграм на Windows 95

Модерната технологија е супер, ама нема моќ да буди носталгија како што има Windows 95, на пример. Така, „IT уметникот Миша Патрик“ доби 8-битна инспирација од сега античкиот оперативен систем и го рекреираше Instagram како кога би бил дизајниран за Win 95. Резултатот е супер микс од ретро програмирање и модерна друштвена медиа. Еве го логото:

PetaPixel  Во продолжение ќе видите како би изгледало да аплоадираш gif анимација и да селектираш филтери.

PetaPixel

Скролање фотографии:

PetaPixel

Во деновите кога Интернет уште учеше да оди, луѓето веројатно немаше да бидат способни да го разберат концептот на модерните друштвени мрежи како што е тоа случај денес. Следи, коментирај, лајкни, срцни – се тоа ќе беше многу покомплицирано. А ако веќе луѓето го правеа,  веројатно ќе изгледаше налик ова:

PetaPixel

Горе се feed-от и stats-от на инстаграмот на Миша, се разбира, во Windows 95 форма. Во продолжение следува уште една анимација од неговиот Instagram feed. И едната, и другата, се веројатно доволни за да прелажете некој од помладите дека и во ’95 постоеле друштвениве мрежи.

- Реклама -