Футуристичкиот автобус на Кина, ви текнува? Е па, го направија

Во мај, светот му се восхитуваше на прототип дизајнот за автобус, направен на подигната платформа за да вози буквално над и низ сообраќајниот метеж. До толку беше иновативен, што многумина беа скептици дека Transit Elevated Bus (TEB) некогаш ќе стане реалност.

Е па, не само што e направена првата „лруга“ за TEB, туку направен е и првиот тест модел на возот, кој тукушто го заврши првото пробно возење, во кинескиот град Квинхвангдао (Qinhuangdao).

transit-elevated-bus-first-test-ride-qinhuangdao-china-1[1]

Кога прв пат беше претставен на 19 мај на Интернационалниот Хај-Тек Експо во Пекинг, во форма на мини-модел, производителот Jinchuang Corp најави дека автобусот ќе биде подготвен за во август. Веројатно никој не ги сфати сериозно, ама ете, на 2-ри август, првиот „вагон“ на TEB ги извози своите први 300 метри од трасата. Сега Jinchuang Corp најавуваат дека автобусот ќе биде завршен за само една година. Овој пат, им веруваме.

Прочитајте и:  Пекинг: Приближувањето на Пјонгјанг и Москва не го менува нашиот однос кон нив

transit-elevated-bus-first-test-ride-qinhuangdao-china-3[1]

transit-elevated-bus-first-test-ride-qinhuangdao-china-2[1]

transit-elevated-bus-first-test-ride-qinhuangdao-china-4[1]

А ова е внатре:

transit-elevated-bus-first-test-ride-qinhuangdao-china-5[1]

Од дебито:

https://youtu.be/xzpU4RjjJ8k

- Реклама -